Во околината на Перлез, Србија се случила бизарна сообраќајна несреќа во која едно лице го загубило животот.
Синоќа околу два часот по полноќ, на патот Перлез-Книќанин, додека управувал со автомобилот, С.Т., излегол од коловозот, а во тој момент неговиот сопатник Ж.В. ја извадил главата низ прозорецот и со глава удрил во сообраќаен знак.
Од здобиените повреди Ж.В. кој бил пренесен во Клиничкиот центар Војводина во Нови Сад утрово околу 10 часот починал.