Денеска, папата Франциск им го честиташе на христијаните кои го слават Божил според јулијанскиот календар.
– Денес, религиозните заедници на Истокот, според јулијанскиот календар, го слават Светиот Божиќ. Во духот на радосното братство, сакам раѓањето на Господ Исус да не исполни со светлина, милост и мир – рече папата, обраќајќи им се на верниците од прозорецот на Апостолската палата по неделната проповед.
Во своите апели по читањето на молитвата „Ангел Господов“, папата побара ослободување на заложниците во Колумбија и повика на молитви за мир во „Украина, Светата земја и во светот“.