Поранешниот функционер од УЈП е недостапен за судот

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Поранешниот заменик директор на Управата за јавни приходи, Исмет Гури, кој беше пуштен во домашен притвор, не е достапен за органите на прогонот, објави телевизија Телма.

Судот го ослободи од издржување на затворската казната и времено му ја замени со домашен притвор поради редовна терапија и лекувана на болестите кои ги има.

Гури, кадар на ДУИ, издржува затворска казна за злосторничко здружување, даночно затајување, перење пари и кражба на 840 илјади евра.

Според Фокус, Кривичниот суд распишал централна потерница.

Засега нема информации колку време Гури не бил дома. Во јули тој беше осомничен и уапсен во акцијата на  МВР и Обвинителството.

Share This Article