Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави денеска, по разговорите со украинскиот шеф на државата Володимир Зеленски, дека Анкара е подготвена да ја преземе улогата на посредник и домаќин на мировни преговори меѓу Киев и Москва.
Ердоган нагласи дека Турција прави интензивни напори да се „запре крвопролевањето“ и во Украина и на палестинските територии и да се обезбеди траен мир, јавија турски медиуми.
– Подготвени сме да ја преземеме улогата на преговарач за да обезбедиме мир во Украина. Важно е коридорот за жито да биде реструктуиран и оперативен и за таа цел продолжуваме со дипломатските контакти – нагласил турскиот претседател.