More

    Погоди „луда“ тројка за победа на Денвер

    spot_img

    Денвер нагест го совлада Голден Стејт вориорс со 130:127 во неверојатна завршница на натпреварот и „луда“ тројка на Никола Јокиќ од 12 метри, постигната со звукот на сирената. На само седум и пол минути до крајот Голден Стејт имаше +18 и, се чинеше, победа во свои раце, но Деневер со неверојатна завршница успеа да направи комплетен пресврт.

    Актуелните шампиони во НБА лигата на чудесен начин стигнаа до 11. победа во последните 13 натпревари и шеста во низа на гостински терен. Остануваа 3,6 секунди до последниот напад на Нагетс, а Арон Гордон ја зеде топката од страна, длабоко во својата половина од теренот. Му додаде на Јокиќ, тој мина половина од теренот и се крена да шутира два-три чекори по центарот. Топката помина низ обрачот откако удри во таблата.

    Следуваше бурно славје на Јокиќ и неговите соиграчи, придружено со погледи на неверување од нивните ривали.

     

    Српскиот центар, двоен МВП на лигата и МВП на финалето од минатата сезона, натпреварот го заврши со 34 поени (шут од 13/16), 9 скока и 10 асистенции и му недостасуваше само уште една асистенција за нов рекорден трипл-дабл.

    По мечот и фантастичниот погодок на Јокиќ од табла за три поени и победа на Денвер, легендарниот Чарлс Баркли од студиото го праша српскиот копшаркар дали намерно одиграл така.  Јокиќ со својот одговор го насмеа.

    – Пријателе, влезе. Среќен сум – одговори Јокиќ.

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img