Меган Маркл стана хит на социјалните мрежи по прекрасниот гест што го направи за време на спортскиот настан Invictus Games во Хаг, Холандија.
Меган ѝ го подаде палтото на една од натпреварувачките да го завитка нејзиното бебе за да не му биде ладно. Имено, војвотката пристигнала во капут од брендот „Макс Мара“ чија цена е 3.710 фунти.
Поради тоа социјалните мрежи се преплавени со коментари и реакции. Многумина забележуваат дека е навистина убаво што Меган ја покажала својата понежна страна.
„Браво, Меган со капутот го обвитка бебето“, „Каков прекрасен гест. Ја сакам уште повеќе“, „Не ми беше јасно зошто го соблече палтото, па кога видов… Преслатко“, се само некои од коментари на Твитер.
Да потсетиме, пред да пристигнат во Хаг, Меган и Хари се сретнаа со кралицата Елизабета Втора во четвртокот, потврди портпаролот на двојката.
Поранешната кралска двојка пристигна во замокот Виндзор во строга тајност, каде што беа пречекани од кралицата Елизабета и таткото на Хари, Чарлс и војвотката од Корнвол Камила.
Експертот за кралското семејство Ричард Кеј за „Дејли мејл“ напиша дека на Чарлс имал 15 минути време за да се види синот и снаата. Камила наводно им се придружила на половина пат од тој краток состанок. Чарлс и Камила потоа заедно го напуштиле замокот и продолжиле со други обврски. Принцот Вилијам не се сретнал со својот брат.