More

    Американската пејачка Кристина Агилера ослабела 20 килограми и покажала нова, завидна фигура на концерт во Лас Вегас

    spot_img

    Американската пејачка Кристина Агилера ослабела 20 килограми и покажала нова, завидна фигура на концерт во Лас Вегас.

    Кристина на сцената се појавила во црн корсет, а потоа во блескав фустан, а овие модни комбинации беспрекорно ја истакнале нејзината тенка половина.

    Пејачката претходно изјави дека почнала да ги прифаќа своите облини и дека не сака да биде премногу слаба.

    „Кога работев на филмот Бурлеска, изгубив толку тежина што бев премногу слаба. Не се мерам, туку се водам од тоа како се чувствувам во мојата облека. Она што на една личност изгледа добро можеби не изгледа добро на друг тип на тело. Сигурна сум во себе и потребно е време за да се дојде до такво размислување, но тајната е во прифаќањето на себе си и своето тело“, изјавила таа претходно.

     

    Но, на крајот решила да ослабе така што ги ограничила дневните оброци и внесувала само 1.600 калории. Нејзината исхрана вклучува зеленчук и овошје секој ден. Грицките ги исфрлиле од својата исхрана во целост.

    Покрај тоа, таа вежба јога, бокс и кардио вежби. Агилера вежба два до пет пати неделно, пишува „Ин тач викли“. Вежбала и до осмиот месец од бременоста.

     

    „Поминав низ моите подеми и падови. Поминав низ сè во овој бизнис – бев премногу слаба, па бев подебела. Секако ме критикуваа, но тоа е врева која автоматски ја блокирам. Го сакам своето тело. Моето момче го сака моето тело. Мојот син е здрав и среќен, па само тоа ми е важно“, рекла таа во една прилика.

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img