Тринаесетгодишно момче осомничено за повеќе тешки кражби во Нови Сад
Тринаесетгодишно момче е осомничено за најмалку девет тешки кражби и четири тешки кражби во обид во новосадските предградија Клиса и Футог, соопшти денеска полицијата.
Тој е осомничен и за неколку кражби на подрачјето на Стариот град – центарот на Нови Сад, од кои некои ги извршил со шеснаесетгодишен новосадец.
Кај момчето полицијата пронашла пари и мобилен телефон за кои се сомнева дека ги украл претходните денови.
Против 16-годишникот полицијата поднесе кривична пријава, додека 13-годишникот е предаден во Центарот за социјална работа.