Украина и Русија не успеаја да се договорат за хуманитарни конвои во неделата за евакуација на цивилите од областите зафатени со војна, изјави во неделата украинската вицепремиерка Ирина Верешчук.
„Не успеавме да се договориме за прекин на огнот на рутите за евакуација. Затоа, за жал, денеска не отвораме хуманитарни коридори“, објави таа на својот профил на Телеграм.
Верешчук рече и дека украинските власти побарале хуманитарни коридори за евакуација на цивилите и ранетите украински војници од опколеното пристаниште Мариупол.