Нискобуџетната авиокомпанија Рајанер од лето ќе воведе летови од Сараево до Солун.
Летовите треба да сообраќаат од јули годинава, а билетот во еден правец ќе чини 58 евра, пишува Аваз.
Потсетуваме дека според претходните најави Ryanair од пролет ќе оперира од Сараево до Меминген, Гетеборг, Брисел, Лондон и Милано, но најавена е можност за зголемување на летовите.