Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози. Намалена видливост поради појава на магла од 50 – 100 метри има на патните правци Скопје – Куманово, Скопје – Велес, Велес – Неготино, Неготино – Демир Капија и Делчево – Македонска Каменица.Од АМСМ соопштија дека интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
По усеците и клисурите, соопштија од ЈП Македонија пат, можна е појава на поситни одрони кои редовно се чистат. Дежурните екипи на, стои во соопштението, се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.