На предновогодишниот концерт на хрватската пејачка Северина Вучковиќ се собрале 30.000 луѓе од цела Црна Гора, но и од регионот. Севе пееше во Котор, а со само една реченица успеа да предизвика полемики на социјалните мрежи.
Пејачката на полноќ ја отпеала песната „Иванова корита“, а на крајот од концертот Северина и ја честитала на публиката Новата година и извикала:
– И не ја давајте Црна Гора.
Спорната реченица предизвика дебата. Таа ги збесна Србите, а од друга страна имаше и такви кои ја поддржаа пејачката и сметаат дека се прави проблем од ништо.
На граѓаните на Црна Гора не им било баш јасно зошто нејзината реченица би предизвикала скандал. Некои од нив се одушевени од реченицата на Северина, а некои не разбираат што точно е проблемот.