Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп беше добро расположен по победата од 4:2 против Њукасл во Премиер лигата, но тоа расположение кратко траеше. Имено, на прославата по натпреварот на Енфилд му испадна бурмата.
По мечот, Клоп вообичаено отиде да го поздрави Коп, но по пат му падна бурмата од рака. За негова заслуга, веднаш забележал дека недостасува важно парче накит.
Камерите на Sky Sports беа зад него, а Клоп застана, се вртеше назад, нервозно се вртеше на теренот, но потоа, за среќа, со помош на камерман забележа што му недостасува.
Благодарение на него избегна да биде искаран дома од сопругата, но фановите не го оставија да се одмори.
Замислете тоа да го објаснува дома“, пишува еден фан на социјалните мрежи.
Секоја чест на камерманот затоа што сопругата ќе го убиеше“, пишува друг.
„Не сум за накит, но не би можел да живеам без мојот прстен. Камерманот што го најде е мојот херој за 2024 година“, се насмеа Клоп.