На вториот ден од новата година нé очекува променливо облачно време. Претпладне се очекуваат локални врнежи од дожд, додека попладне облачноста ќе се намали и ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југозападен правец.
Во Скопје претпладне ќе врне.
До крајот на работната седмица ќе настапи стабилизирање на времето со појава на магла по котлините со променлив интензитет. Влажен бран со врнежи претежно од дожд ќе го зафати нашето подрачје за време на викендот