More

    Путин најави „фер глобален развој и безбедност“

    spot_img

    Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека 30 земји се подготвени да се приклучат на БРИКС, организација основана од Русија, Кина, Индија и Бразил. Во официјалното обраќање по повод руското претседателство со БРИКС, Путин подвлече дека групата привлекува сé повеќе поддржувачи и истомисленици ширум светот.

    Русија од денеска го презема едногодишното ротирачко претседавање со проширениот БРИКС.

    Целта на Москва за овогодинешното претседавање ќе биде „зајакнување на мултилатерализмот за фер глобален развој и безбедност“, со планови за одржување на над 200 настани низ целата земја во следните дванаесет месеци, пренесува Teletrader.

    – Се разбира, ќе ја имаме на ум подготвеноста на многу други земји, а сега има околу 30 од нив, да се приклучат на БРИКС и неговата повеќекратна агенда во некоја форма. Поради оваа причина, активно ќе работиме на разработка на модалитетите на новата категорија партнерски држави на организацијата – изјави Путин.

    Пет нови членки – Египет, Иран, Обединетите Арапски Емирати, Саудиска Арабија и Етиопија – формално стануваат полноправни членки на групата БРИКС и почнуваат заедничка работа во ова својство од денеска, 1 јануари, под претседателство на Русија, која ја презема функцијата од Јужна Африка.

    Аргентина требаше да стане шестата нова членка на оваа асоцијација, но на 29 декември новиот аргентински претседател Хавиер Миле официјално ги извести членовите на БРИКС дека неговата земја ќе ја одбие поканата.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img