Во местото Добрљин кај Приедор денеска се пронајдени тела на две жени и еден маж со тешки повреди, коj подоцна починал, објавија босанските медиуми повикувајќи се наизбори од Полициската управа во Приједор, Република Српска.
Телата на две жени и еден повреден маж се пронајдени во станбена зграда во Добрљин. Од здобиените повреди мажот починал во болницата во Приједор. Полицијата соопшти дека повеќе детали ќе бидат познати по завршување на истрагата.
Според неофицијални информации, се работи за двојно убиство и самоубиство, пренесуваат медиумите. Агенцијата СРНА мажот со истрели од огнено оружје ги убил својата мајка и сестра.