More

    Снимен моментот кога проектил го погодил божиќниот базар во Белгород

    spot_img

    Украинските вооружени сили денеска попладне извршија напад врз рускиот град Белгород. Руското Министерство за вонредни состојби извести дека во нападот загинале најмалку 14 лица, меѓу кои две деца, а 108, од кои 15 деца, биле повредени. Фотографиите објавени на интернет покажуваат запалени автомобили, згради со скршени прозорци и црн чад што се издига од некои згради.

    Според некои информации, ова е прв напад од украинска страна врз цивилни цели во Русија.

    Еден од проектилите паднал на лизгалиштето, кое во тоа време било отворено. Наводно е погоден и Државниот технички универзитет во Белгород, објави Телеграмскиот канал База.

    Ова беше втор напад на Белгород за два дена. Вечерта на 29 декември, локалните власти информирале дека одбранбените системи собориле „неколку воздушни цели“ кои се приближувале кон градот. Наводно, во нападот едно лице загинало, а четворица се повредени.

     

    Украина официјално не го коментираше нападот. РБЦ Украина напиша дека украинските „безбедносни и одбранбени сили“ ги извршиле нападите и дека тие биле насочени кон воени цели. Изворот за РБЦ Украина изјави дека тоа е „општа мерка која е последица на варварското гранатирање на Днепро, Харков и Одеса и убиства на цивили“.

    Руското Министерство за одбрана соопшти дека нападот на Белгород во кој загинаа 14 лица нема да помине „неказнет“, обвинувајќи ја за нападот украинската армија.

    „Овој напад нема да остане неказнет“ – објави Министерството на Телеграм, уверувајќи дека руските сили успеале да пресретнат два проектили и „повеќето“ од ракетите лансирани кон градот.

     

    Рускиот претседател Владимир Путин бил информиран за нападот врз станбените области на градот, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, пренесоа руските агенции.

    Украина, која беше нападната од Москва во февруари минатата година, редовно извршува напади врз цели во Русија, особено во областите блиску до нејзината граница, но бројот на жртви обично е помал.
    Киев сè уште не реагира на руските обвинувања по денешниот напад.

    Регионот Белгород, кој граничи со северна Украина, цела година е изложен на гранатирање и напади со беспилотни летала, за кои властите ја обвинуваат Украина.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img