More

    Бајден испрати порака од Девствените Острови

    spot_img

    Претседателот на САД, Џо Бајден денеска истакна дека последниот руски ракетен напад врз Украина е „силен потсетник“ дека рускиот претседател Владимир Путин останал посветен на уништувањето на Украина и рекол дека „тоа мора да се запре“, објавија британските медиуми.

    Бајден даде изјава за време на божиќниот одмор на Американските Девствени Острови во врска со рускиот напад врз Украина синоќа, во кој загинаа 31 цивил, а повеќе од 120 беа повредени низ целата земја.

    Тоа беше најголемиот воздушен напад откако Русија ја нападна соседната земја во февруари 2022 година.

    -Тоа е остар потсетник за светот дека по речиси две години од оваа разорна војна, целта на Путин останува непроменета. Тој сака да ја уништи Украина и да го потчини нејзиниот народ. Тој мора да биде запрен, рече Бајден.

    Американскиот претседател истакна дека Украина користела системи за противвоздушна одбрана што Вашингтон и неговите сојузници и партнери ги обезбедиле за успешно пресретнување и уништување на  ракетите и беспилотните летала лансирани од Русија. Бајден го повика американскиот Конгрес да одобри континуирана помош.

    Соединетите Американски Држави вчера соопштија дека на Украина ќе ѝ дадат оружје и опрема во вредност од 250 милиони долари за Украина во најновиот пакет помош за оваа година.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img