More

    Научниците тврдат дека ноќните птици имаат поголем ризик од затнати артерии

    spot_img

    Останувањето будни и активни до доцна во ноќта можеби не е многу паметно. Според новото истражување, во споредба со луѓето кои спијат ноќе, таканаречените „ноќни птици“ се повеќе склони кон развој на срцеви заболувања.

    Според резултатите од студијата на Универзитетот во Гетеборг, објавена во списанието „Sleep Medicine“, луѓето кои се будни ноќе имаат речиси двојно поголем ризик од развој на атеросклероза. Станува збор за стврднување и стеснување на артериите, што може да доведе до ангина, згрутчување на крвта, срцев или мозочен удар.

    Додека претходните истражувања покажаа дека оние кои остануваат будни до доцна се соочуваат со ризик од кардиоваскуларни проблеми, оваа студија, наводно, е првата што заклучува дека деноноќниот ритам или 24-часовниот биолошки часовник на една личност, посебно влијае на артериите на срцето.

    Од 771 учесник во истражувањето на возраст од 50 до 64 години, 144 од нив се опишале како екстремни утрински типови, а 128 се изјасниле како екстремни вечерни типови.

    Само 22,2 проценти од утринските типови имале изразена артериска калцификација; тие беа најдобрата група. Екстремната вечерна група имала најголема фреквенција на тешко стврднување на артериите – 40,6 проценти.

    Останатите три групи луѓе, кои се декларираа како: малку утрински, ни утрински ни вечерни, и малку вечерни, беа измеѓу, пишува „Њу Јорк пост“.

    „Нашите резултати покажуваат дека екстремниот вечерен хронотип може да биде поврзан не само со полошо кардиоваскуларно здравје воопшто, туку поконкретно со калцификација на коронарните артерии и процесот што води до артериска калцификација“, вели авторот на студијата Мио Кобајаши Фриск.

    Други фактори кои влијаат на ризикот од стврднување и затнување на артериите вклучуваат крвен притисок, липиди во крвта, тежина, ниво на активност, стрес, сон и пушење.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img