More

    Кои се најголемите пивопијци во регионот? Колку литри пиеме годишно?

    spot_img

    На Инстаграм страната Географски кутак беше споделена интересна мапа која покажува кои всушност се најголемите пивопијци во регионот.

    Страницата Географски кутак секојдневно споделува интересни податоци и инфографици за географски податоци поврзани со земјите од светот и регионот.
    Меѓу последните објави на оваа страница, тие на мапа претставија кои се најголемите пивопијци во регионот, пренесува Klix.ba.

    „Бидејќи во наредните денови најверојатно ќе се испие најмалку половина од годишниот просек, моментот е погоден за оваа карта“, наведуваат во соопштението.

    На картата е прикажан бројот на потрошени литри пиво по глава на жител годишно, а на прво место меѓу земјите од поранешна Југославија е Хрватска, каде годишно се трошат 72,1 литри пиво по жител.

    На второ место е Словенија, каде во просек се пијат 69,7 литри годишно по жител. Следна е Црна Гора со 67,4 литри во просек.

    На четврто место е Босна и Херцеговина со 63,7 литри по жител. Србија е претпоследна со 62,2 литри по жител, а убедливо најмалку пиво во регионот пијат Македонците кои просечно пијат само 33,5 литри годишно.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img