More

    Младата Бразилка трагично го загуби животот на концертот на пејачката

    spot_img

    Објавена е причината за смртта на Ана Клара Беневидес, 23-годишната девојка која почина на концертот на Тејлор Свифт во Рио де Жанеиро, Бразил.

    Според извештајот на тамошниот Институт за форензична медицина, Ана починала поради исцрпеност од топлина, пренесува „Пејџ сикс“ Таа имала сериозно оштетување на белите дробови што довело до кардиореспираторен застој. Таа не била под дејство на супстанции кои можат да предизвикаат смрт.

    Потсетуваме, Ана почина додека го чекаше почетокот на концертот кој се одржа кон средината на ноември на стадионот Естадио Олимпико Нилтон Сантос во Рио де Жанеиро. Лекарите на местото на настанот се обиделе да ја оживеат младата обожавателка на Тејлор Свифт, но не успеале. Беневидес била пренесена во градската болница Салгадо Фиљо, но набргу потоа починала.

    Температурите во Рио тогаш надминаа 38 степени, а бразилски „Фолха“ тврди дека температурата на стадионот била 60 степени. Пожарникарите наводно пружиле помош на повеќе од 1.000 обожаватели кои паднале во несвест.

    Тејлор Свифт го објави трагичниот настан на Инстаграм.

    „Не ми се верува дека го пишувам ова. Со тага во срцето известувам дека изгубивме обожавателка пред концертот. Не можам со зборови да кажам колку сум скршена. Имам мошне малку информации, знам дека била прекрасна и многу млада. Нема да можам да зборувам за ова на сцената затоа што ме обзема тага кога воопшто се обидувам да зборувам за тоа. Сакам да кажам дека ми е жал и дека моите мисли се со семејството и пријателите на починатата обожавателка. Ова е последното нешто што мислев дека може да се случи кога планирав да настапам во Бразил“, напиша таа тогаш.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img