More

    Московската журка покрена лавина реакции и затворски казни

    spot_img

    Руската блогерка и ТВ водителка Настја Ивлева на 20 декември организираше „речиси гола“ забава во московскиот ноќен клуб Мутабор која предизвика големи реакции во руската јавност.

    На настанот учествуваа оскудно облечени поп ѕвезди и познати личности. Меѓу нив беше и рускиот рапер Вацио (Николај Василиев). Се појави само во тениски копачки и со чорап поставен на „стратешко место“. Тоа беше приватна забава, но стана дел од јавниот дискурс кога на социјалните мрежи се појавија фотографии и видеа од настанот. Чорапот на Вацио преку ноќ стана најпознатиот чорап во Русија. И тоа не на добар начин.

    Про-Кремљ блогерите, пратениците и активистите кои ја поддржуваат војната во Украина, беа бесни . Тие ги прозваа познатите личности од руската музичка сцена – како можат толку да се забавуваат додека руските војници ги оставаат своите животи на фронтот во „специјална воена операција“?

     

    Раперот Васио е уапсен и осуден на 15 дена затвор поради „недолично однесување“. Тој е казнет и со 200.000 рубли (околу 1.900 евра) поради „промовирање на нетрадиционални сексуални односи“. Настја Ивлева, организаторката на „голата забава“ исто така ја чека правна постапка, пишува Би-Би-Си.

    Повеќе од 20 луѓе потпишаа колективна тужба против учесниците на московската забава. Тие бараат од ѕвездите да платат милијарда рубљи на Фондацијата „Бранител на татковината“. Не помина добро ни другите учесници на забавата, нивните концерти беа откажани, рекламните договори беа раскинати. Затоа, познатите личности од забавата почнаа полека да се појавуваат на социјалните мрежи, некои се извинија за присуството на настанот, додека други се обидоа да објаснат дека не направиле ништо лошо. Се огласи и организаторката на настанот.

    -Велат дека Русија знае да простува. Ако е така, би ве замолила луѓе, за втора шанса – вели Настја Ивлева во видео пораката.

     

    По руската инвазија на Украина, многу познати личности решија да останат во земјата и да продолжат со својата кариера и често со својот луксузен живот. Јавната критика досега главно беше резервирана за оние „ѕвезди“ кои ја напуштија Русија. Но, тоа веќе не е така.

    „Порано имаше едноставен социјален договор со оние што одеа на овие забави – правете што сакате додека сте лојални. Но, животот сега не е забава. Овие развратни сцени се во спротивност со реалноста. Не може лекомислено да се забавувате во земја што води војна“ – напиша рускиот опозициски активист во егзил Максим Кац.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img