Уапсен за скрнавење на историски верски објект

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Израелската полиција денеска соопшти дека уапсила Израелец (35) осомничен за сквернавење на муслимански гробишта во анектираниот дел на градот Ерусалим. Во полицискиот извештај е наведено дека се работи за неурамнотежено лице кое обесило главата на магаре на гробиштата.

На фотографиите кои се појавија на социјалните мрежи се гледа како глава на магаре виси од оградата на гробиштата лоцирани веднаш покрај Златната порта, пишува Ал Арабија.
Според еврејската традиција, Златната порта ќе биде отворена дури по доаѓањето на Месијата, кој преку неа ќе влезе во Ерусалим. Полицијата соопшти дека мажот носел секира за време на неговото апсење, додавајќи дека уште еден осомничен кој наводно му помогнал, исто така е во притвор.

„Еврејски екстремист денеска му го пресече грлото на магаре на гробиштата кај Златната порта, а потоа ја обеси главата на животното над гробиштата. Ова е сериозно сквернавење на една од главните историски муслимански гробишта во Ерусалим“, соопшти Муслиманскиот совет.

Гробиштата се наоѓаат во близина на комплексот на џамијата Ал Акса, свето место и за муслиманите и за Евреите, кое е во центарот на тензиите меѓу Палестинците и Израелците.

Share This Article