Немири во Шведска: Повеќе насилни инциденти во текот на ноќта КрМалмо, во јужна Шведска, беше место на неколку насилни инциденти по собирите против екстремно десничарската организација која најави палење на Куранот, соопшти полицијата во неделата.
„Во текот на ноќта избувнаа неколку пожари во Малме“, соопштија органите на редот.
Според соопштението на полицијата, во текот на ноќта биле запалени канти за ѓубре, автомобил и автобус, а поднесени се и повеќе пријави за вандализам. Насилството избувна по собирот на антиимигрантското и антиисламското движење „Тврда линија“.
Движењето го предводи Расмус Палудан, со данско-шведско потекло. Тој во моментов организира собири во Шведска, каде во повеќе градови избија судири меѓу полицијата и демонстрантите.
Во Малме, каде демонстрантите ја гаѓаа полицијата со камења, ситуацијата се смири по три часот наутро. Дванаесет полицајци беа повредени во судирите со демонстрантите против Палудан во четвртокот и петокот.