Бектеши тврди дека тој што ќе ги промени повиците ќе има работа со судовите

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Нема да има промени во тендерите за избор на универзален снабдувач со струја и за изградба на ХЕЦ „Чебрен“, изјави министерот за економија Крешник Бектеши.

-Измени на јавниот повик за универзален снабдувач не може да се случат, тие се утврдени на владина седница и е формирана  Комисија. Главната измена во моментот кога се објави повикот е дека не може да се дава  поголем процент на мрежарина  од 11,5%, процент кој е постоечки од универзалниот снабдувач. Убеден сум дека со транспарентност и начинот како е објавен повикот, тој процент ќе биде под 10 отсто. Тие што ги исполнуваат условите, се повикани да учествуваат на повикот, а измени на критериумите нема да има – рече Бектеши.

Според него, нема да има никакви промени и во повикот за изградба на „Чебрен“.

-Имајќи предвид дека условите се наведени кога е објавен повикот за Чебрен, одлучивме ништо да не се менува. Како што важи за универзалниот снабдувач, така важи и за Чебрен. Ако компанијата се согласува со тие критериуми, има шанси до 31-ви да го потпише договорот, а ако не, тогаш би требало да се раскине договорот иако тој не е потпишан, но ќе се активира банкарската гаранција која е дадена согласно првично доставените критериуми. Немам информации за приватни компании, туку за тоа што треба да направат институциите кои работат согласно јавните повици. Тој што би потпишал таков договор, за измена на јавните повици, ќе подлежи на кривично дело за што ќе имаат работа судството и обвинителството – рече Бектеши.

Тој, како што рече, нема информации за наводна грчка инвазија во земјава.

-Северна Македонија има отворена, транспарентна економија, и јавни повици отворени за сите заинтерсирани страни согласно критериумите и потребите на државата. Компаниите кои ги исполнуваат критериумите и барањата од страна на државните институции или фирми, можат да учествуваат на повиците, но дека има грчка инвазија не би согласил, ниту би се согласил дека може да се случи. Со Грција имаме одлични односи во делот на економската соработка, а дали тоа би се случило и во делот на енергетиката ќе зависи од критериумите -рече Бектеши.

Share This Article