More

    Израел има американски магацини во резерва, но треба дозвола за да ги отвори

    spot_img

    Војната на Израел против Хамас ќе трае „уште многу месеци“ и покрај зголемените светски повици за прекин на огнотм рече израелскиот воен началник Херзи Халеви за новинарите, пишува Дејли Телеграф. Според него, целите во 11-неделниот конфликт биле „суштински и не се едноставни за постигнување“.

    – Нема магични решенија, нема кратенки за разбивање на терористичка организација, само решителни и упорни борби. Ќе дојдеме и до раководството на Хамас, без разлика дали ќе биде потребна една недела или ако тоа трае со месеци – вели началникот од Израелските одбранбени сили.

    Неговите изјави уследија во време кога палестинскиот претседател Махмуд Абас рече дека конфликтот е „поголем од војна за истребување“ поради извештаите од Газа дека 250 Палестинци биле убиени во изминатите 24 часа.

    Поранешни службеници на САД за британски Гардијан раскажале дека во Израел постојат строго чувани магацини оружје во сопственост на САД кои се вредни милијарда долари. Магацините се нарекуваат Воена резерва за сојузници – Израел (ВРСИ).
    Белата куќа сака да ги олабави правилата со кои Израел може да користи оружје од овие магацини, а ова, како што посочи сенаторката Елизабет Ворен „ќе ја намали можноста на САД да одредат дали земјата придонесува за нанесување непропорционално голема штета врз цивилите“ во Газа.

    Магацините се обвиени во тајност, тајна е нивната локација, но и типот на муницијата која ја поседуваат, а која може да биде смртоносна. Мацините за првпат биле формирани во 1980-тите години. Се претпоставува дека магацините содржат гранати од 155 милиметри.

    Марк Гарласко, поранешен иследник за воени злосторства на Обединетите Нации вели дека гранатите од 155 милиметри се особено опасни бидејќи секоја граната ослободува 2.000 смртоносни фрагменти, а „нивната точност се намалува на растојание, зголемувајќи ја веројатноста цивилите и цивилната инфраструктура да бидат погодени од погрешни гранати“.

    Со 20.000 мртви луѓе досега во војната во Газа многу аналитичари го ставаат под знак прашалник и начинот на којшто се користи муницијата и прашањето дали постои намерно гаѓање цивили.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img