More

    Највисоката дискотека во Европа: Клубот на врвот на планината кој ќе биде хит во 2024 година

    spot_img

    Возбудливиот музички проект на диџејот и новинар Џони Енсал ќе свири на три планински локации во Швајцарија.

    Detour Discoteque е ноќен клуб кој носи добра музика во оддалечените и убави делови на светот. Во 2022 година накратко беше отворен во малото рибарско село Thingeyri на Исланд, оваа година гостуваше на островот Кол во Шкотска, а во 2024 година ќе се „искачи“ на врвот на планината. Поточно, станува збор за швајцарските Алпи.

    Дискотеката Detour ќе биде отворена од 10 до 12 мај 2024 година во долината Лаутербрунен, која изгледа како позадина на романтичен филм – опкружена со високи планински врвови, бројни водопади и зеленило, пренесува Punkufer.
    Возбудливиот музички проект на диџејот и новинар Џони Енсал ќе биде домаќин на три планински локации. На 10 мај 2024 година ќе има забава на огромна тераса во близина на планинскиот врв Бирг, кој се издига на 2.684 метри надморска височина.

    Еден ден подоцна, на врвот на Шилторн во ресторанот „Пиз Глорија“ ќе биде отворена дискотека, која се издигнува на 2.970 метри и на тој начин ќе стане највисокиот ноќен клуб во Европа, или така тврди магазинот „TimeOut“.

    Тоа е место со спектакуларни погледи што е добро познато меѓу љубителите на серијата за Џејмс Бонд, бидејќи тука е снимен филмот „На служба на нејзиното височество“ од 1969 година.

    Билетот за тридневниот настан може да се купи по цена од околу 313 евра на официјалната веб-страница на дискотеката Detour, а вклучува пропусници за жичарницата, со што полесно ќе се стигне до највисоката дискотека во Европа.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img