Српската пејачка Марија Шерифовиќ пред неколку дена ја сподели својата неизмерна среќа – дека добила син со помош на сурогат мајка. Синот на кое му го даде името Марио, се роди во Лос Анџелес, Америка.
Марија не ја крие среќата што е покрај нејзиниот син Марио. Првата објава со бебето го привлече целото внимание на јавноста.
Шерифовиќ со својот син пред неколку дена се врати во Србија, а сега објави како помина патувањето од Лос Анџелес до Белград.
Марија објави фотографија од детската соба на својот син и на шеговит начин порача дека наскоро ги очекуваат посетите од сите драги луѓе кои едвај чекаат да ја видат неа и да го запознаат малиот Марио.
„Ајде баби, дедовци, тетки, чичковци, пријатели, браќа и кумови – подароци примаме од утре во 10:00 часот“, напиша Марија покрај фотографијата од својот дом.
Инаку, Марија ја чуваше во тајност бременоста на сурогат мајката и информациите за таткото. Пејачката потпишала договор со кој се гарантира тајноста на податоците, па затоа не смее јавно да открива кој е таткото на детето, ниту пак, која е сурогат мајката која го донела нејзиниот син на свет.
Сепак, таа во изминатиов период одлучи да проговори за целиот процес преку кој го добила Марио и зошто се одлучила за сурогат мајчинство.
ФОТО: Инстаграм