Супермоделот и водителка Хајди Клум (50) го прослави Божиќ со својот сопруг, германскиот музичар Том Каулиц (34) на луксузен одмор. Двојката не ја крие својата љубов, пренесува „Дејли мејл“, па додека се одмараат на брегот на Карибите, на велелепниот остров Сент Барт разменуваа бакнежи и нежни допири и уживаа во празниците.
Хајди сподели објава на своите профили на социјалните мрежи со видеоснимки и фотографии.
Хајди Клум ја покажа својата завидна фигура во црно бикини, кое го носеше под наметка со леопард принт. Модната комбинација ја зачини со божиќна капа со светки.
Објавата содржи и видео на кое се гледа како манекенката елегантно стои на лулашка додека нејзиниот сопруг несмасно се обидува да и се придружи. Хајди секако ги израдува и ги насмеа своите следбеници со објавата.
Нејзиниот сопруг привлече внимание со својата цветна модна комбинација.
ФОТО: Инстаграм