More

    Министерката Шукова се запозна со иницијативата „И здравје и работа“

    spot_img

    Македонија треба мудро да ги искористи своите природни богатства за да си обезбеди сигурна иднина. Треба сите да увидиме колку инвеститорите се подготвени да го изградат рударскиот комплекс „Иловица“ со најмодерна технологија на 21 век, со која здравјето, животната средина и земјоделството ќе бидат целосно заштитени, нагласи Огњан Лазаров, претставник на локалната иницијатива на населението во Струмичката котлина „И здравје и работа“ денеска на средба со министерката за животна средина Каја Шукова.

    Лазаров на средбата ја информирал Шукова дека „И здравје и работа“ преставува еден поинаков глас на жителите од Струмичкиот регион, која долгорочниот економски развој го гледа како единствена шанса да ги вратиме младите од туѓина преку отворање нови атрактивни работни места.

    Лазараов нагласи дека оваа локална иницијатива не е за отворање на рудник по секоја цена, но истовремено истакна дека низ аргументирана дебата треба сите да увидиме колку инвеститорите се подготвени да го изградат рударски комплекс „Иловица“ со најмодерна технологија на 21 век, со која здравјето, животната средина и земјоделството ќе бидат целосно заштитени. Треба со особено внимание да се слушаат сите информации, бидејќи постои стратегија за смислено ширење паника и страв за да се спречи фокус кон суштината на проектот.

    Министерката Шукова со внимание ги ислуша сите аргументи на претставникот на „И здравје и работа“ и посочи дека постои законска регулатива и административни процедури кои Владата мора да ги следи за сите инвестиции од нивна надлежност. Гласот на жителите е важен и истиот не смее да се занемарува.

    И здравје и работа“ продолжува да се бори за вистината. Македонија треба мудро да ги искористи своите природни богатства за да си обезбеди сигурна иднина. Сè поголем број жители од Струмичката котлина стануваат свесни за значењето на новите инвестиции за регионот, и сè повеќе се убедени дека формирањето Независно мониторинг тело, со вклучување рударски и еколошки експерти, жители и претставници на државните институции и локалните самоуправи, може да обезбеди целосна контрола на секој чекор од експлоатирањето на бакарот во рудникот“ – се вели во соопштението на иниџцијативата.

    И здравје и работа“ претходно побарала средби и со претседателот на државата и координаторите на пратеничките групи во Собранието на Република Северна Македонија.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img