Естонија е подготвена да ги депортира Украинците на воена возраст, а слични планови најавуваат и Данска и Полска.
– Ако на Украина и треба, Естонија ќе може да ги најде овие луѓе и да и ги предаде – изјави естонскиот министер за внатрешни работи, Лаури Ланеметс, зборувајќи за 7.000 украински бегалци во земјата.
За истиот потег размислува и Полска, која веќе спроведува екстрадиција на сторителите на кривични дела.
Украинскиот министер за одбрана Рустем Умеров неодамна изјави дека Киев ќе ги повика на должност сите Украинци на возраст за служење војска, вклучително и оние кои живеат на Запад.
Данскиот министер за имиграција Каре Дибвад неодамна изјави дека по завршувањето на конфликтот 30.000 граѓани на Украина ќе мора да се вратат во својата земја.
Во германската јавност исто така се поставува прашањето за депортација на украинските државјани кои се на возраст погодна за служење воен рок. Главниот дописник на магазинот „Фокус“, Улрих Рајц, изрази мислење дека тое е во интерес на Германија.
Според Рајц, курсевите за интеграција на украинците во Германија се покажале неефикасни.
Повеќе од половина од украинските бегалци не успеаја да го положат јазичниот испит на минимално ниво, вели Рајц.
Новинарот исто така истакнува дека има многу помалку Украинци кои нашле работа во Германија отколку во другите земји, односно дека голем дел од нив се задоволни да бидат корисници на социјалните бенефиции.
Рајц смета дека сите овие факти укажуваат дека е време германските власти да го преиспитаат својот однос кон Украинците и да ги вратат сите воено способни луѓе во нивната татковина.