Кејти Едвардс, поранешната девојка на Метју Пери, тврди дека покојниот актер во една прилика ги залепил рацете за колена во очајнички обид да престане да се дрогира.
Едвардс се забавувала со ѕвездата на „Пријатели“ во 2006 година, откако се запознала со него на состанок на анонимни алкохоличари, но останала во пријателски односи со Пери, па дури и работела како негова асистентка во 2011 година.
Сега, во интервју за британски „Сан“, таа се присетила кога го посетила во неговиот дом, во екот на неговата зависност.
„Бев кај Метју во Холивуд Хилс. Тој беше во лоша состојба. Цела ноќ консумираше дрога, најверојатно крек, кокаин и други супстанции. Го најдов на каучот со рацете залепени за нозете – беше очајнички тажно. Морав да користам отстранувач на лак за нокти и маслиново масло за да го ослободам“, изјавила Кејти и додала дека последиците биле страшни.
„Буквално му ги киневме влакната од нозете и остана со големи црвени дамки, беше прилично ужасно“, се присетила таа.
Ова не е првпат Едвардс да зборува за проблемите со зависноста на Пери. Во интервју во 2020 година, таа тврдеше дека Пери ја испратил бремена да купи „кокаин, хероин и крек“ за него.
„Во тој момент на неговата слабост, тоа беше сè што можев да направам за него. Бев во петтиот месец од бременоста и требаше да земам дрога од адресите на кои ме праќаше. Тој ќе ми речеше: „Не грижи се, никој нема да се посомнева во трудна девојка“. Некогаш тоа беше хероин, некогаш кокаин или таблети. Никогаш не знаев по што одам“, изјави Кејти.