More

    Кошаркашкиот прволигаш остана без објект

    spot_img

    Салата на францускиот кошаркарски прволигашки клуб Гравелин изгоре до темел на Божиќ во голем пожар, јавија француските медиуми.

    – Повеќе ја нема кошаркарска сала, сè исчезна во чад. Четириесет години живот во салата Спортика исчезна во чад, изјави Кристијан Дево, претседателот на клубот Гравелин.

    Медиумите јавија дека повеќе од 60 пожарникари биле мобилизирани во гаснење на пожарот кој ја опустоши кошаркарската сала со капацитет од 3.000 седишта, која беше дел од спортски комплекс со базен, кафетерија и околни објекти.

    – Доколку бевме во време на голема посетеност во базенот или доколку имаше тренинг во салата, тоа ќе беше катастрофално – рече Дево.

    Гравелин, кој во моментов е претпоследен на табелата во француското првенство, в четврток требаше да му биде домаќин на второпласираниот Париз, но натпреварот откажан. Во редовите на Гравелин во минатото настапуваше и македонскиот репрезентативец Војдан Стојановски.

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img