Тим од перуански полицајци, од кои еден бил маскиран во Дедо Мраз за да остане „незабележан“, изврши операција против банда дилери на дрога во град северно од Лима, соопштија денеска локалните власти.
Полицајците успеале да изненадат двајца мажи кои продавале крек и марихуана во куќа во Хуарал, на околу 70 километри од Лима.
„Припадник на група полицајци се маскирал во Дедо Мраз за да остане незабележан во таа опасна област“, соопшти полицијата, додавајќи дека оваа „стратегија е крунисана со успех“.
Полицаецот, кој бил облечен во традиционалната носија на Дедо Мраз, имал задача да ја скрши вратата од куќата и да уапси еден од осомничените.
Во акцијата се уапсени две лица и запленети се стотина пакувања со крек и марихуана чија вредност се уште не е утврдена од надлежните органи.
На 31 октомври слична акција беше спроведена и на Ноќта на вештерките, исто така против дилери на дрога.
Фото: Freepik