Глогот обично се споменува како одличен природен лек за кардиоваскуларниот систем и за смирување, но има и многу други корисни својства. Плодовите се берат токму во овој период, во септември и октомври. Дознајте повеќе за глогот, а најдовме и рецепти за сируп и тинктура од глог.
Корисните својства на овој „природен лекар“ се многубројни. Поволно делува на работата на срцето и крвните садови, го регулира крвниот притисок и создава здрава рамнотежа во организмот. За среќа, ова дрво е многу распространето и различни видови се прилагодиле на различни поднебја.
Полн е со флавоноиди, кои благотворно делуваат на кардиоваскуларниот систем. Тоник од глог одлично оди со многу други билни тоници и го зајакнува нивното позитивно влијание врз организмот.
Луѓето кои имаат проблеми со срцето, во договор со докторот, треба да се препуштат на некоја „глог терапија“, со која можат да ги намалат последиците од стрес, глауком, воспалени вени, хемороиди.
Лекарите не го занемариле, па често го препорачуваат како лек, а го испитуваат и за борба против леукемијата.
Високата содржина на антиоксиданти во бобинките од глог може да помогне во намалувањето на крвниот притисок и холестеролот, да го намали воспалението, да го подобри здравјето на кожата и да го помогне варењето. Сепак, можеби нема да биде добро да се комбинира со одредени лекови за срце.
Повеќе за ова прочитајте на „Арт кујна“.