Белгија има еколошка алтернатива пред празниците: Вештачки мраз за лизгалишта

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
People skate on a ice rink set up with a Christmas market on the Grote Markt square of Bruges on December 20, 2012. AFP PHOTO / ALEXANDER KLEIN (Photo by ALEXANDER KLEIN / AFP)
- Advertisement -
Ad image

Вештачкиот мраз е најекономична и најеколошка опција за лизгање, па така во Белгија, особено за божиќните и новогодишните празници, зголемен е бројот на вакви лизгалишта, објави локалниот портал Фокус на Белгија.

Бидејќи зимите сега се поблаги, природниот мраз не може да ги задоволи барањата на лизгалиштата кои се популарни во Белгија бидејќи се опкружени со штандови со храна и популарни колбаси, како и греано вино и барови за дегустација на топло чоколадо.

За среќа, вештачкиот мраз нуди решение за тој проблем, без разлика дали е во лизгалиште на отворено или внатре.

Сè уште е можно да се лизга, дури и со температури над нула Целзиусови степени.

Технички, тоа е под со систем за ладење кој се состои од цевки поврзани една со друга и поставени на рамна и тврда површина. Таа затворена мрежа потоа се полни со мешавина од вода и антифриз на температура од приближно минус 10 степени. Потоа се прска вода со црево на површината, која веднаш се замрзнува и создава леден слој од околу седум сантиметри.

Издржливоста и леснотијата на одржување се двете силни предности на оваа вештачка атракција, наведува белгискиот портал.

Сепак, постојат различни мислења за квалитетот на лизгање на вештачки мраз и напорот потребен за непречено лизгање.

Сепак, едно е сигурно. Вештачкиот мраз никого не спречува да ужива во магијата на зимата, а доказ за тоа е се поголемиот број на вакви лизгалишта низ цела Белгија.

Share This Article