Без разлика на правните заплетки, туристите ги посетуваат и плажата и напуштениот хотел, а некои и прават скара покрај море, пливаат или доаѓаат со кучиња…
Во југоисточниот дел на Шпанија, природниот парк Кабо де Гата-Нијар е дом на хотел кој подигна многу прашина откако никна на плажата Алгаробико. Изградбата на бетонскиот џин започна во 2003 година, и покрај предупредувањата од природниот парк кој ја обвини шпанската градежна компанија зад проектот за дивоградба.
Три години подоцна, активистите ја прекинаа изградбата тврдејќи дека хотелот ќе уништи заштитено подрачје. Но, хотелот на духови, или остатоците од она што требаше да биде, сè уште стојат на брегот, како потсетник за тоа што може да се случи кога политичките, финансиските и еколошките интереси не се усогласат, пренесува Punkufer.
Хотелот Ел Алгаробико во првиот ред до морето на карпа висока 50 метри требаше да има 21 кат и 411 соби, базен, шеталиште и уредена плажа, но судбината не го фаворизираше. И додека случајот се влечеше низ судовите, хотелот полека пропаѓаше и на крајот беше одлучено дека никогаш нема да биде домаќин на туристи. Но, бетонскиот џин сè уште стои на плажата.
„Како сè уште постои хотелот Алгаробико е мистерија, но за жал тоа не е изолиран случај – имало и други „Алгарробико“ долж шпанскиот брег“, вели биологот на Гринпис, Пилар Маркос.
Но, без разлика на правните заплетки, туристите ги посетуваат и плажата и конкретното чудовиште, а некои и прават скара покрај море, пливаат или доаѓаат со кучиња. Посетителите ја фалат чистотата на морето и фактот дека нема голема гужва, а љубителите на необични места уживаат во фотографирањето на хотелот кој времето полека го нагризува.