Во Чешка утре ќе биде ден на жалост во спомен на жртвите на најсмртоносниот напад од осамостојувањето на земјата. Во нападот на факултетот за уметности во самиот центар на Прага се убиени 15 луѓе, а 30 се ранети, а таму е пронајдено и телото на напаѓачот, 24-годишниот студент Давид Козак.
Полицијата се сомнева дека напаѓачот е можно е да биде одговорен и за убиството на маж и бебе во Клановице.
-Многу сериозно ги истражуваме наводите, кои се многу реални во моментов, дека напаѓачот од Филозофскиот факултет е одговорен и за две жртви од крајот на минатата недела во Клановице – изјави на прес конференција началникот на полицијата Мартин Вондрашек, пишува чешкиот портал „Новинки“.
На 15 декември, во местото Клановице се застрелани 32-годишен маж и неговата двомесечна ќерка, но полицијата уште го нема пронајдено одговорниот за двојното убиство.
На Филозофскиот факултет на Карловиот универзитет, на плоштадот Јан Плач, во Прага, вчера дојде до пукање во кое загинаа 15 лица, а 30 се повредени, додека напаѓачот е убиен.
Чешката полиција соопшти и дека таткото на осомничениот за пукањето вчера бил пронајден мртов.