Српската фолк пејачка Цеца Ражнатовиќ претходно престојувала во луксузни хотели и апартмани на Копаоник, а за да има целосен комфор, пејачката одлучила да купи имот во оваа зимска бајка.
Цеца одамна планирала да си обезбеди стан на Копаоник за себе и за своите најблиски, а пред настапот на 1 јануари следната година ќе ужива во топлината на својот дом на популарната туристичка локација, која неодамна ја купи.
На фотографијата можете да видите како изгледа планот на една од луксузните згради каде Цеца го купила своето катче. Сигурно е дека сегашната организација уште подобро ќе и функционира, бидејќи нема да мора да се грижи за сместување на локација која често ја посетува.
Во истата зграда една година на зимување бил и српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ.
– Во истото сместување Цеца поседува два стана на самиот врв. Новак престојуваше веднаш под неа. Не верувам дека се запознале, бидејќи Цеца деновиве не е дојдена на Копаоник. Најчесто овде го гледаме Вељко – изјавил тогаш извор за „Блиц“.
Фотографиите можете да ги погледнете ТУКА.