More

    Министерот Шаќири најави дека од јануари, директорката на Државниот испитен центар ќе може да ги зголеми платите на вработените за 30 отсто.

    spot_img

    Министерот за образование и наука Јетон Шаќири најави дека од јануари, директорката на Државниот испитен центар ќе може да ги зголеми платите на вработените за 30 отсто.

    – Има нов колективен договор, нови одлуки на Министерството за финансии и нов начин на зголемување на платите. Од јануари директорката на ДИЦ ќе има простор да ги зголеми платите за 30 отсто. Мислам дека со тоа проблемот ќе се реши. Јас никогаш не велам дека не треба повисоки плати. Но, кога некој во јавноста сака да стане популарен и да блокира 500 наставници, тоа не е во ред – изјави Шаќири за ТВ24.

    На ова реагираше Синдикатот на Државен испитен центар.

    „Вие и Вашиот колега од Министерството за финансии би требало сериозно да си ја сфатите функцијата и да не ја доведувате во заблуда јавноста дека ќе го решите проблемот на почетокот на следната година. Имено, се повикувате на непостоечка уредба со која би добиле додаток на плата – не бараме додатоци, туку бараме достоинствена плата како што ја имате и Вие. Се повикувате и на Општ колективен договор кој би важел од јули 2025 година. Објаснете ѝ на јавноста за какво решение зборувате кога се повикувате во моментов на непостоечки документи – прашува во своето соопштение Синдикатот на Државен испитен центар.

    Во соопштението се додава дека „сериозен политичар не смее да си дозволи да ја исмева борбата на вработените за достоинствена плата и за егзистенција нарекувајќи ја желба за популарност.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img