АРМ и Министерството за одбрана ќе се опремат со 2.000 нови фиксни телефони од американскиот производител „Циско системи“. Од нив 200 телефонски апарати се за видео-аудио врска и уште 1.800 телефони се класични фиксни телефони за гласовна комуникација. Вкупната вредност на целата набавка со се централи и додатни елементи е 1,5 милиони евра со вклучен ДДВ.
Македонското Министерство за одбана ќе набави 2.000 фиксни телефони за кои од државниот буџет ќе плати над 500.000 евра. Станува збор за нов тендер кој го доби скопската фирма „Телелинк бизнис сервисис“ која треба да набави, инсталира и стави во функција нова централа за потребите на Министерството за одбрана и за АРМ, пишува Фактор.
Според договорот за набавка на опремата достапен тука ќе бидат набавени: видео/аудио телефонски централи со лиценца, конференциски системи, медиа гетвеј системи, персонални видео конференциски уреди, телефони, блу-тут слушалки, видео-аудио телефонски уреди.
Согласно со потребите на АРМ, на Генераштабот и на ресорното министерство дел од новата телефонска опрема ќе биде за заштитена телефонска мрежа, а дел за некласифицирана телефонска мрежа.
Вкупната вредност на целата набавка на телефонските централи за потребите на Армијата и Министерството за одбрана надминува 1,5 милиони евра со вклучен ДДВ. Комплетната опрема за телефонска мрежа е од глобално познатиот производител – американската корпорација „Циско системи“.
Ова е очекувано и затоа што Македонија е дел од НАТО, па опремата за овој ресор треба да ги исплнува страндардите пропишани од безбедносната организација.
Од телефоните на „Циско“ кои се најголема ставка во набавката дел ќе бидат со видео и аудио врска, а дел само со аудио врска. Вкупно ќе бидат набавени 2.000 телефонски апарати за потребите на Министерството и Армијата.
Од нив 200 телефони се со видео и аудио врска и тие чинат вкупно 100.000 евра. Другите 1.800 телефони се само со аудио фиксни телефони и нивната вредност е 413.000 евра