Модната дизајнерка Викторија Бекам повторно го полуди интернетот откако сподели видео од нејзиниот сопруг како вежба. Поранешната членка на „Спајс гирлс“ се огласи на Инстаграм за да покаже како Дејвид вежба потпирајќи се со рацете на подот, па отскокнува напред-назад преку душекот за вежбање.
„Утрински тренинг со оваа љубовна машина“, напишала таа на објавата. Сепак, вежбањето на Дејвид ги доведе следбениците на Викторија на Инстаграм во транс – особено што таа ја насочи камерата на телефонот директно на задната страна на нејзиниот сопруг. Многумина ѝ се заблагодарија за ова видео.
„Викторија, направи толку многу за нас…“, „Таа знае што прави“, „Во име на жените во светот – благодарам“, „Ова е хуманитарна работа“, „Се чувствувам виновен само што го гледам ова“, „Викторија ја враќа вербата во божиќното чудо“, се само дел од коментарите.
Ова не е првпат мајката на четири деца да споделува провокативни објави за нејзиниот сопруг. Минатата недела Викторија на Инстаграм објави фотографија на која Дејвид го поправа телевизорот во долна облека. Поради оваа фотографија, Samsung јавно се огради од одговорност.