More

    Гвардиола: Се надевам дека нема да ме отпуштат, сакам да останам во Сити

    spot_img

    Пеп Гвардиола беше задоволен од пласманот на Манчестер Сити во финалето на Светското клупско првенство.

    На прес-конференцијата по победата во полуфиналето над јапонската Урава со 3:0, Гвардиола најпрвин беше прашан од присутните новинари за состојбата на повредените Ерлинг Халанд и Кевин де Брујн.

    „Кевин почна да тренира вчера (или понеделник) и ќе тренира со нас утре (или среда), но поминаа три месеци и тој не може да игра во финалето. Но, се подобрува. Ерлинг уште не тренира“, одговори тренерот на Манчестер Сити.

    На прашањето како ќе се подготви за финалето против Флуминенсе во петок на 22 декември, тој рече:

    „Спиј, спиј, спиј. Тоа е планот. Тревникот не беше многу добар. Мора да се одмориме“.

    Тој даде интересен одговор на прашањето дали постои можност еден ден да стане селектор на шпанската репрезентација.

    „Многу сум среќен во овој клуб. Имам уште една година од договорот. Се надевам дека нема да ме отпуштат и ќе останам овде“.

    Оваа недела во Саудиска Арабија фудбалерите на Манчестер Сити добија шанса да поминуваат повеќе време еден со друг и Гвардиола е задоволен од тој факт.

    „Имаме неверојатен капитен во Кајл (оп.а. Вокер). Тој организираше толку многу работи за тимот. Спиеме, одмараме и се трудиме да бидеме подготвени на денот на натпреварот. Неверојатно е да се биде овде, ништо не земаме здраво за готово бидејќи можеби никогаш нема да се вратиме. Ќе се обидеме да одиме до крај. Сигурен сум дека играчите ќе дадат се за да ја освојат титулата што им недостига“, изјави Пеп.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img