Пет деца во САД загинаа во пожар во двокатна зграда, кој избувнал додека таткото на четири од нив бил на божиќен шопинг

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Пет деца во САД загинаа во пожар во двокатна зграда, кој избувнал додека таткото на четири од нив бил на божиќен шопинг, пишува Скај Њуз.

Трагедијата, во која животот го загубија едно девојче и четири момчиња, се случи во Булхед Сити, во Аризона. Децата на возраст од две, четири, пет и 13 години кои загинаа се браќа и сестри, додека 11-годишното момче е нивен роднина кој дошол на гости.

Таткото на четирите деца им рекол на инспекторите дека ги оставил во домот околу два и пол часа додека отишол на шопинг за храна и божиќни подароци, соопшти полицијата на градот Булхед.

Според полицијата, во тој момент во домот немало други возрасни лица.

Истражителите сметаат дека пожарот избувнал на приземјето и се проширил низ единствените скали во внатрешноста на куќата, поради што децата не можеле да излезат. Неколку соседи поставиле продолжени скали до спалната соба на горниот кат, но не успеале да ги извлечат децата.

Полицијата соопшти дека телата на петте деца биле во иста спална соба на катот од куќата. Шефот на полицијата на Булхед, Роберт Требес, рече дека „инспекторите неуморно работат за да добијат одговори за причините за пожарот“.

Share This Article