Светската здравствена организација (СЗО) прогласи аларм поради епидемија на мајмунски сипаници која може да се прошири низ целиот свет.
Како што е соопштено, повеќе од 13 илјади сомнителни случаи и повеќе од 600 смртни случаи поврзани со болеста се регистрирани во Конго од јануари до средината на ноември оваа година.
„Епидемијата претставува ризик за луѓето во ДР Конго, соседните земји и ширум светот“, рече експертот на СЗО Розамунд Луис.
Поради бројните гранични премини меѓу Конго и соседните земји, има регионално ширење на вирусната болест.
Mpox вирусите се пренесуваат преку близок физички контакт. За време на глобалната епидемија која започна во 2022 година, вирусот главно се шири преку сексуален контакт
Најзабележителен симптом на болеста се плускавците и брадавиците на кожата. Тие можат да ги зафатат лицето, дланките и стапалата, препоните, гениталните и аналните делови од телото.
Болеста обично започнува со треска, главоболка, болки во мускулите и чувство на исцрпеност, често придружени со болки во грбот. Осип се развива неколку дена по почетокот на треската. Во тешки случаи, mpox е поврзан со секундарни бактериски инфекции и може да се прошири на белите дробови, очите, мозокот и срцето, пишува DW.
Стапката на смртност од сипаници се движи помеѓу 0,1% и 10% од случаите.
Вирусот на мајмунски сипаници брзо се шири во третата година од пандемијата на коронавирус. Светската здравствена организација во мај објави дека мајмунските сипаници повеќе не се „глобална здравствена закана“, со што заврши речиси едногодишниот аларм поради вирусната болест, чии случаи се потврдени во повеќе од сто земји.