Следбениците на Викторија Бекам на Инстаграм ѝ се заблагодарија што е несебична и споделува спонтани моменти од нејзиниот дом.
Викторија одлучи да ги почести своите следбеници со полугола фотографија од својот славен сопруг Дејвид Бекам.
Поранешната пејачка, а сега модна дизајнерка на социјалните мрежи сподели фотографија на која Давид во бели гаѓи лежи на подот и поправа наводен дефект на телевизорот.
Викторија ја искористи приликата и ја овековечи со фотографија која ја сподели со обожавателите.
„Дојде електричарот да го поправи телевизорот… Добредојде!“, напиша таа во описот на фотографијата на сопругот, фудбалска легенда.
Тениската ѕвезда Ежени Бушар не можеше да одолее на глетката и напиша: „И мојот е расипан…“
„Ти навистина си „Спајс гирлс““, „Божиќна честитка за цел свет“, „Кажи ми дека не сум единствената што зумирала“, „Викторија Бекам работи хуманитарна работа за време на празничната сезона“, „Пош Спајс, нашиот Дедо Мраз“, „Сакам што не си себична“, „Што и да среди тој, пукна и моето“, се дел од восхитените коментари на обожавателите кои ја следат Викторија на Инстаграм.
Најдуховит беше актерот Џеси Тајлер Фергусон, кој напиша:
„Во моментов го кршам телевизорот“.