Се укинува Шенген визата за косовските државјани

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Амбасадорот на Германија во Косово, Јорн Роде денеска ја врачи последната туристичка виза на еден косовски државјанин пред укинувањето на Шенген-визите за Косово, што стапува во сила на 1 јануари 2024 година, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во објава на неговата страница на платформата „Х“, Роде во оваа прилика изрази големо задоволство поради визната либерализација, нагласувајќи дека ерата на ограничување на движењето на косовските граѓани во Европа „конечно се затвора“.
– Возбудени сме што оваа ера конечно се затвора, отстапувајќи и место на заслужената визна либерализација за помалку од две недели. Заедно ги доведуваме домот и дијаспората поблиску – напиша германскиот амбасадор.

Добитник на последната туристичка виза од германската амбасада е Бујар Рустеми.

За работни, студиски и други видови визи процедурите остануваат исти и по настапот на визната либерализација, што значи дека косовските граѓани во иднина ќе можат да престојуваат во посети на своите блиски или како туристи во земјите од Шенген-зоната до 90 дена во текот на период од 180 дена.

Share This Article