До крајот на неделава се очекува да биде доставен извештајот за ревизијата на автопатот Кичево – Охрид, од кој зависи дали државата ќе го раскине договорот со кинеската „Синохидро“

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

До крајот на неделава се очекува да биде доставен извештајот за ревизијата на автопатот Кичево – Охрид, од кој зависи дали државата ќе го раскине договорот со кинеската „Синохидро“, изјави денеска министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски.

Тој очекува конечна одлука да се донесе на седница на влада.

– Сите одлуки и идни чекори ќе ги носиме заеднички со Владата, ќе ја презентираме целата моментална состојба, но таа презентација и пред сѐ идните чекори треба да дојдат од експертите кои што ќе дадат насоки како да продолжиме со најдобрите решенија со цел овој автопат да биде завршен – рече Бочварски по обиколка на изградбата на браната Отиња кај Штип.

Според него, автопатот ќе биде завршен, но пред тоа треба да се разгледаат препораките на екпсертите.

-Но, притоа треба да се запазат сите процедури на експертите кои што ќе ги предвидат и по оној план кој што ќе го дадат тие, по тој план ќе работи и јавното претпријатие и Владата – рече Бочварски.

Ревизијата на целокупниот проект од проектирање до изведба на патот Кичево – Охрид, кој се гради веќе десет години, почна на почетокот на минатиот месец кога премиерот  Димитар Ковачевски изјави дека е можно раскинување на договорот.

Овој автопат се гради 10 години.

Share This Article