Полициски службеници на Државната агенција за истраги и заштита (СИПА) во областа Зворник во Босна и Херцеговина уапсиле седум лица поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „геноцид“, објавија сараевските медиуми.
Уапсените се товарат за кривичните дела „индивидуална и командна одговорност“ и „помагање“, кои се пропишани со Кривичниот законик на Босна и Херцеговина.
Уапсените ќе бидат предадени на Обвинителството на Босна и Херцеговина по кривична постапка во просториите на СИПА, соопшти СИПА.
Лицата кои беа уапсени се поврзани со учество во злосторството во Сребреница во јули 1995 година, објави порталот klix.ba.
Од СИПА се уште не соопштуваат детали за денешната акција.