Едно лице загина, а друго е тешко повредено кога ноќеска потона брод со мигранти кои се обиделе да го преминат Ла Манш, соопшти француската полиција. Од морето се спасени 66 лица.
Регионалниот поморски оперативен центар околу полноќ бил информиран дека брод со околу 60 мигранти е во неволја на помалку од осум километри од брегот, во близина на Гравлин.
На лице место бродот за спасување пронашол луѓе во водата и делумно издувен чамец.
Потрагата во тој реон продолжува утрово и од воздух.
Францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманен претпладне треба да пристигне во Кале, каде ќе се сретне со полицајците ангажирани во борбата против илегалната имиграција.